Во серија експлозии во престолнината на Ирак, Багдад денес загинаа најмалку 25 лица, пренесе „Ројтерс“.
Според првичните информации, во четири различни делови на Багдад дошло до четири експлозии на автомобили-бомби на патот.
Во Ирак во последно време значително е зголемен бројот на жртви од насилство, како последица на зголемувањето на политичките тензии помеѓу верските групи. Вчера во бомбашки напади во Багдад и околината загинаа шест лица.
Елена Георгиевска