Ирак: Во денешните напади 24 жртви

Од:

Во нападите во Ирак денес загинаа најмалку 24 лица, меѓу кои и неколку цивили, кои настрадаа од експлозии на автомобили-бомби во Багдад.

Во близина на градот Мосул, вооружени напаѓачи, од заседа нападнале возило со невооружени полицајци, пренесе „Франс прес“. Во нападот загинаа шест полицајци, додека двајца се тешко повредени.

Во текот на вечерта експлодираа пет автомобили-бомби во различни делови на Багдад, вклучувајќи ги централниот и североисточниот дел на претстолнината. Во тие експлозии се убиени најмалку 16 лица, главно цивили, а се повредени 50 лица.

Денес во Багдад загина и едно официјално лице, додека западно од градот Мосул еден војник настрада од експлозивна направа.

Бомбаши-самоубици, ја нападнаа полициската станица во Фалуџи, западно од Багдад, поради што дојде до престрелка со безбеднисните сили, велат неименувани извори.

Три бомбаши загинаа при експлозија на бомбите кои што ги носеле на себе, додека четвртиот осомничен напаѓач е убиен од страна на полицијата, при што се повредни и 12 полицајци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак