Ирак: САД формално ја завршија борбената мисија

Од:

Ирак и коалицијата предводена од САД ја завршија последната рунда технички преговори за формална транзиција од борбена мисија задолжена за искоренување на екстремистичката група ИД, во советодавна мисија за помош на ирачките сили, соопштија денеска безбедносните власти.

– Разговорите фокусирани на транзицијата формално ја завршуваат борбената мисија на коалицијата, изјави ирачкиот советник за национална безбедност Касим ал Араиџи.

Тој истакна дека коалицијата ќе продолжи да обезбедува помош, совети и обука за ирачките сили.

Изјавата ја потврдува одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден од јули да ја заврши американската борбена мисија во Ирак до 31 декември.

Во Ирак остануваат околу 2.500 американски војници. Не се знае колку ќе останат во следната фаза од коалициската помош.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак