Ирак: Поради тероризам извршени 21 смртна казна

Од:

Во Ирак вчера поради смртна казна се убиени 21 лице осудени за тероризам, соопшти министерството за правда на Ирак.

-Во согласност со законот за борба против тероризмот, убиено се 21 лице- изјави анонимен извор од министерството за правда.

Од почетокот на годинава на територијата на Ирак извршени се 50 смртни казни, наспроти протестот на меѓународните организации за заштита на човековите права.

Минатата година на смртна казна беа осудени 129 лица. Во оваа држава, смртната казна се извршува со бесење.

Во март министерот за правда Хасан-ал-Шамари изјави дека Ирак ќе се придржува до најстрогата казна, без оглед на повиците на ОН, Европската унија и меѓународните активисти да се воведе мораториум на извршување на смртните казни.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он