Ирак: Најмалку 41 лице загина, во судирот на полицијата и екстремистите

Од:

Најмалку десет ирачки полицајци и 31 сунитски екстремист загинаа денес во судирите во Мосул, на север на Ирак, на третиот ден од најжестоките судири откако американските војници ја напуштија државата, во декември 2011 година.

Вооружени напаѓачи го нападнаа Мосул, кој се наоѓа 390 километри северно од Багдад во среда вечер и зазедоа делови од запад на градот, откако претходно преку разгласот од џамијата ги повикаа суните да им се приклучат.

Воените извори изјавија дека федералната полиција заедно со војската воспоставија контрола на поголем дел од градот, но дека седиштето на полицијата и понатаму е опколено и дека екстремистите таму држат пет заложници.

Судирите започнаа во вторник, откако ирачките војници го нападнаа сунитскиот протестен камп.

Во среда во вооружените судири помеѓу безбедносните сили и екстремистите загинаа повеќе од 30 лица.

Ова се најкрвавите судири, од кога неколкуте илјади сунитски муслимани во декември ги започнаа протестите, барајќи да се стави крај на маргинализација на нивната верска заедница за која го обвинуваат шиитскиот премиер Нуриј ал Маликиј.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак