Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади преговара со администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп за останување на американската војска во Ирак, по крајот на војната против Исламската држава, тврдат извори од ирачката и американската влада, пренесува БТА.
Преговорите се во процес на развој. Тие, по се изгледа, покажуваат дека за разлика од 2011 година, кога војската на САД се повлече од Ирак, овој пат меѓу двете Влади има согласност дека за обезбедување на ирачката безбедност е потребно долгорочно присуство на американски војници, оценуваат американските медиуми.
– Двете страни сметаат дека зачувувањето на американското воено присуство ќе биде од взаемен интерес, наведе американски претставник.
– Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис преговара со ирачките претставници на кој начин ќе се изведе тоа. Можно е американските војници да продолжат да се нарекуваат советници, со цел да се избегне неоходноста од парламентарното одобрување за нивното присуство, истакна неименуван американски претставник.
Ирачките сили се борат да ги прогонат борците на Исламската држава од населбите во западниот дел на Мосул.
Тоа е последната значителна градска територија во Ирак, што се уште е под контрола на екстремистичката група.