Кабинетот на ирачкиот претседател Џалал Талабани демантираше денеска дека претседателот е клинички мртов и наведе дека неговата здравствена состојба е подобра и оти тој закпренува од мозочниот удар, кој го претрпе во декември.
Кабинетот ова соопштение го објави по текстот објавен од францускиот весник „Фигаро“, во кој се наведува дека Талабани (79), кој пред повеќе од две недели е префрлен во болница во Германија е клинички мртов.
Неговиот кабинет таа вест ја нарече целосно неоснована. Во кусото соопштение се наведува дека состојбата на претседателот е „смирувачка“ и оти лекарскиот тим почнал со рехабилитација, но не се изнесуваат други детали.
Болеста на Талабани предизвика незивесност во политичката ситуација во Ирак со оглед на растечкото незадоволство во сунитските делови на земјата, поради затворениците, кои ги упасиле Владата, која е предводена од шиитите.