Ирак: Билансот на загинати во април е 460 и 1.219 повредени

Од:

Во насилствата во Ирак минатиот месец животот го загубија околу 460 лица, додека на првиот ден од мај во нападите загинаа 13.

Според податоците на „Франс прес“ добиени врз основа на безбедносни и медицински извори, во нападите во април се повредени 1.219 лица.

Најголем број на повредени и загинати се цивилни лица.

Меѓу загинатите 54 се полицајци, 53 војници, 14 припадници на Ал Сахва полицијата, двајца члена на курдските сили за безбедност.

Верското насилство во Ирак ескалира на 23 април кога силите за безбедност се обидоа да спроведат апсење на сунитските демонстрантиво северниот град Хавиџи. Во судирите кои избија убиени се 23 лица од кои тројца војници.

Тие набргу се проширија и во другите сунитски области во западните и северни провинции во Ирак.

Во најголемото верско насилство во Ирак 2006 и 2007 година билансот на загинати секој месец изнесуваше над 1.000 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак