Најмалку 38 лица загинаа, а околу 105 други се повредени денеска при двоен самоубиствен напад во центарот на Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили.
– Двајца бомбаши-самоубијци се саморазнесоа на плоштадот „Ал Тајаран“ во центарот на Багдад, изјави портпаролот на ирачката Оперативна команда, генерал Саад Маан.
Плоштадот „Ал Тајаран“ е важен трговски центар во Багдад и локација каде секојдневно се собираат голем број наемни работници во очекување да бидат ангажирани за работа.