Ирачките власти извршија претрес на ирански авион кој летал за Сирија

Од:

Ирачките власти денеска извршиле контрола во еден ирански авион кој летатл за Сирија, барајќи оружје, но пронашле само медицинска опрема, соопштија денеска властите во Багдад.

Тоа е прва инсспекција од таков вид откако Вашингтон побара од Багдад да помогне во спречување Иран да ја снабдува Сирија со оружје.

– Нашите тимови го прегледаа товарот во авионот и пронајдоа само медицинска опрема, изјави шефот на ирачкото цивилно воздухопловство Насир ел-Амири.

Американскиот државен секретар Џон Кери минатиот месец побара од ирачката Влада да ги спречи иранските авиони да и доставуваат оружје на Сирија.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма