Ирачките сили нема да користат тешко оружје во Мосул

Од:

Ирачките вооружени сили добија наредба да не користат тешко оружје во борбите со припадниците на групата Исламска држава во Мосул, поради зголемување на бројот на жртвите меѓу цивилното население.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој е во посета на Ирак, истакна дека заштитата на цивилите е „апсолутен приоритет“.

– Обединетата оперативна команда ги извести силите на федералната полиција и управата за борба против тероризмот да не користи тешко оружје како ракети и артилерија со прецизно насочување до упориштата на ИД, за да не се дозволи крвопролевање меѓу цивилиното населени, изјави бригадниот генерал Мохамед Џабури.

Најмалку 150 цивили загинаа при воздушниот напад на 17 март во Мосул.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак