Ирачките демонстранти ги блокираа патиштата во Багдад, барајќи оставка од Владата

Од:

Ирачките демонстранти денеска ги блокираа патиштата во Багдад за да го зголемат притисокот врз Владата да поднесе оставка.

Тие ги блокираа патиштата со запалени гуми и бодликава жица, а носеа транспарент на кој пишуваше „Патиштата се затворени по наредба на народот“.

Десетици илјади демонстранти последниве денови се собираа на централниот плоштад Тахрир во Багдад и низ јужниот дел на Ирак, барајќи од Владата да си даде оставка.

Тие, исто така, бараат преуредување на политичкиот систем воспоставен по инвазијата предводена од САД во 2003 година.

Илјадници студенти не присуствуваа на часови и предавања за да учествуваат во протестите.

Најмалку 250 луѓе загинаа во судирите со полицијата во протестите што започнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и немање основни услуги.

Со денови, безбедносните сили користеа вистинска муниција за да ги потиснат насилните демонстранти.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак