Ирачкиот премиер неповреден во атентат со дрон врз неговата резиденција во Багдад

Од:

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими ноќеска се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад, соопшти неговиот кабинет.

„Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата“, соопшти неговиот кабинет.

Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.

Два безбедносни извори претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“ додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак