Ирачкиот премиер нареди истрага поради убиствата во кампот Ашраф

Од:

Ирачкиот премиер Нури Малики нареди да се спроведе истрага поради убиството на повеќе од 50 луѓе во кампот за ирански азиланти Ашраф.

Формирана е специјална комисија која ќе испита што се случи во неделата во кампот Ашраф, кој се наоѓа на 95 километри североисточно од Багдад.

Во Ашраф уште од времето на Садам Хусеин сместени се околу сто членови на дисидентската Народна муџахединска организација на Иран (МЕК).

Кампот Ашраф вчера беше посетен и од претставници на Обединетите нации, како и од ирачки полицајци.

Во неделата загинаа 52 лица откако одекнаа неколку експозии. Ирачките власти тврдеа дека најверојатно експлодирале буриња со нафта и гас, додека членови на МЕК дека кампот бил нападнат од ирачките безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак