Ирачкиот Парлмент ги прифати реформите предложени од премиерот Абади

Од:

Парламентот на Ирак го прифати планот со реформи на премиерот Хајдер ал Абади, чија цел е да се спречи широко раширената корупција во земјата и да се намалат меѓуверските тензии.

Планот реформи се појавува во време на антивладини протести на улиците на Багдад, во кои демонстрантите ги осудуваат властите за несигурното снабдување со електрична енергија, во услови кога главниот ирачки град и други делови од земјата се опфатени со пеколни горештини, поради високите температури.

Планот на премиерот Абади содржи седум точки и една од најважните одредби е да се престане со определувањето на високите владини и државни функции според религиозна основа или според партиските квоти, како што беше досега.

Најмногу критики на политичката поставеност на Ирак, како од домашната опозиција, така и од странство, беа упатувани кон досегашниот систем за поделба на функциите.

Ирак сега има тројца потпретседатели – двајца од редовите на мнозинската шиитска зедница и еден сунит, како и тројца заменици премиери – по еден од редовите на шиитите, сунитите и синитските Курди.

Реформата на политичкиот систем што ја понуди премиерот, ги отфрла како непотребни функциите заменик-премиер и потпретседател на државата.

Планот содржи и определување на низа владини функции, на кои ќе се поставуваат политички независни личности, што се смета дека ќе помогне да се урне широко раширената корупција во земјата.

Спикерот на ирачкиот Парламент, Салим ал Џубури изјави дека реформите на премиерот биле прифатени од пратениците без дебата.

По соопштувањето за прифакање на политичките реформи, пред Парламентот во Багдад се одржа мирна манифестација за изразување подршка на политиката на премиерот Хајдер ал Абади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак