Ирачкиот Парламент се изјасни против референдум за независен Курдистан

Од:

Ирачкиот Парламент денеска го отфрли барањето за одржување референдум за независен Курдистан на своја територија, планиран за 25 септември, и му даде овластувања на премиерот Хајдер ал Абади да ги преземе сите мерки за да се зачува суверенитетот на Ирак, изјави пратеникот Мохамед ал Карбули.

– Курдските пратеници ја напуштија седницата, но и покрај тоа, со мнозинство гласови е донесена одлуката за забрана на одржувањето на референдумот, рече Карбули.

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу во август изјави дека намерите на лидерите на ирачките Курди да одржат референдум за независност, може да доведе до граѓанска војна.

Неодамна американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара од претседателот на регионалната Влада на ирачки Курдистан, Масуд Барзани да се одложи референдумот за независност.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак