Ирачкиот парламент бара временски рок за повлекување на странските трупи

Од:

Ирачкиот парламент побара денеска од владата да утврди временска рамка за повлекување на странските трупи стационирани во државата кои помагаат во борбата против ИД, изјави пратеникот од владејачката коалиција Хушам ал-Сухаил.

– Парламентот гласаше за одлуката Ирак да им се заблагодари на пријателските држави поради поддршка во победата над ИД и во исто време да побара од Владата да утврди временска рамка за повлекување на странски трупи, изјави Ал-Сухаил.

Тој додаде дека е време владата да одлучи колку долго е потребно странските трупи да останат во Ирак.

Коалицијата предводена од САД беше формирана во 2014 година за да се бори против ИД во Ирак и во Сирија и има неколку илјади војници во Ирак. Меѓународната коалиција даде клучна воздушна поддршка на ирачките безбедносни сили кои прогласија победа над џихадистите во декември минатата година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак