Еден од тројцата ирачки вицепремиери, Баха ал Араџи, кој беше одговорен за енергетски прашања, синоќа поднесе оставка и против него ќе се поведе истрага за корупција, објавија медиумите во Багдад.
Ова е првиот видлив резултат од кампањата на премиерот Хајдер ал Абади, кој во текот на изминатиот викенд предложи реформи за борба против корупцијата.
Реформите ќе бидат претставени во Парламентот дури утре, а оставката на Араџи се оценува како доказ дека премиерот Абади веќе ја има поддршката од влијателниот шиитски духовен лидер Муктада ал Садр.
Според извори во Багдад, Ал Садр му наредил на вицепремиерот да поднесе оставка и му забранил да ја напушта земјата до судскиот процес, кој ќе се води против него.