Ирачки суд нареди апсење на вицепремиерот на Курдистан

Од:

Ирачкиот Висок судски совет денеска нареди апсење на заменик претседател на Владата на Ирачки Курдистан, Косрат Расул, поради неговото спротиставување на распоредувањето на ирачката армија во градот Киркук.

Киркук територијално не е дел од автономнито регион ирачки Курдистан, но има значителна курдска заедница и долго време беше под контрола на курдските сили пешмерга.

По референдумот за независност во Курдистан, ирачката армија распореди свои единици во градот, постиснувајќи ги курдските сили, што предизвика протести на локалното курдско население, но и бегалски бран. Курдските власти тврдат дека стотина илјади Курди го напуштиле Киркук.

Ирачката армија ги освои и нафтените полиња околу Киркук, а ги потиснува курдските сили и во другите погранични области.

Ирачката армија доби поддршка од Иран, како и од Турција, која изрази загриженост поради можното формирање на независна курдска држава, додека ирачките Курди главно се потпираа на САД за политичка и безбедносна поддршка.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак