Ирачки суд го суспендираше Зебари, фаворитот во трката за претседател

Од:

Ирачкиот федерален врховен суд „привремено“ ја суспендираше кандидатурата на еден од фаворитите за претседателските избори, Хошјар Зебари, пред гласањето на пратениците кои треба да изберат нов шеф на држава.

Во одлуката судот се повика на жалбата што ја поднесоа пратениците за неуставноста на кандидатурата на Зебари поради обвинувања за корупција. Суспензијата на Зебари е привремена додека судот не одлучи за случајот, соопштија од судот.

Одлуката за тоа е донесена ден пред седницата на Собранието на која 329 пратеници треба да изберат нов претседател на републиката.

Во претставката пратениците изјавија дека сметаат оти Зебари не ги исполнува условите што ги бара Уставот за да стане претседател на републиката, односно да има добар углед и интегритет, наведува Судот.

Пример е случајот кога парламентот го смени во 2016 година поради обвинувања за финансиска и административна корупција. Во жалбата се наведуваат уште најмалку два други судски случаи во кои е вмешан поранешниот 68-годишен министер, поточно кога тој бил шеф на дипломатијата.

Околу 25 кандидати се натпреваруваат за претседател, но се издвојуваат двајца политичари, Зебари и претседателот во заминување Бархам Салех, кои се од две ривалски партии кои доминираат во автономниот регион Курдистан.

Зебари, кој неколкупати беше федерален министер од 2003 до 2016 година, е еден од високите функционери на влијателната Демократска партија на Курдистан (ДПК).

Актуелниот шиитски лидер Моктада Садр, кој е неизбежна сила во 73-члениот парламент, рече дека ќе ја бојкотира утрешната седница, откако во петокот ја повлече поддршката за Зебари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак