Ирачката војска денеска го осуди убиството на командантот на ирачките шиитски милиции Абу Махди ал-Мухандис, кој загина во воздушниот американски напад на аеродромот во близина на Багдад и соопшти дека тоа претставува јасно прекршување на нивниот мандат во Ирак.
Командата за заеднички операции го оплакува херојот маченик… кој беше убиен синоќа во кукавички и издајнички напад што го изведе американски авион во близина на багдадскиот меѓународен аеродром, се наведува во соопштението на ирачката војска, пренесено од британските медиуми.
Потврдуваме дека тоа што се случи е грубо крешње на ирачкиот суверенитет и јасно кршење на мандатот на американските сили, што исклучиво се однесува на борбата против Исламска држава и давање совети и помош за ирачките безбедносни сили, понатаму се наведува во соопштението.
Во воздушниот напад, исто така, загина и генералот Касем Сулејман, командантот на иранските елитни единици Кудс и архитектот на растечкото иранско воено влијание на Блискиот исток, наведоа британските медиуми.