ИОМ: Бројот на бегалци кои дојдоа во Европа надмина милион

Од:

Бројот на бегалци кои во текот на 2015 година влегле во Европа по копнен или морски пат надмина еден милион, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Бројот на бегалци пристигнати оваа година на европскиот континент порасна во однос на минаната година, пренесува Би-Би-Си.

Цифрата од еден милион е премината од вчера, соопшти ИОМ и наведе дека преку море и копно во Европа пристигнале 1.005.504 бегалци.

Овој податок се однесува на влезот на бегалците преку Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар.

Поголемиот број на бегалци пристигнале по морски пат од Турција во Грција, преку 800.000.

Меѓу бегалците најмногу се Сиријци – 455.000, Ирачани и Авганистанци.

ИОМ соопшти дека на патот кон Европа се удавиле, или се водат како исчезнати вкупно 3.695 бегалци, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови