Upi.com
Целата нација во молк вџашено гледаше како спејс-шатлот Челинџер силно експлодира 73 секунди по лансирањето, но еден човек не беше изненаден. Всушност, тој и предупреди силно колку што самиот можеше неколку дена пред најстрашната катастрофа во американската вселенска програма пред 30 години.
Проблем беше што никој од одговорните не го послуша Боб Еберлинг.
Инженерот во Мортон Тиокол, фирма за ракетен погод која ги направи двата ракетни мотори за шатлот, тој постојано ја предупредуваше НАСА дека условите за лансирање тој ден би можеле да бидат катастрофални.
Судбината на Челинџер беше запечатена од лошата гума за запечатување наречена О-прстен, кај споевите на секој од ракетните ммазници. На премрзнувачката температура на Флорида тој ден, еден од запечатувачите на долниот десен млазник не затворал добро бидејќи било премногу студено. Покрај тоа, бил и делумно оддуван од комбинацијата од горива за време на полетувањето – со што се создале мали црни издуви кој можат да се забележат на снимката од лансирањето.
Денес 89-годишниот Еберлинг вели дека бил целосно свесен за ограничувањата на прстенот и им додевал на НАСА за неговото мислење, но тоа на крајот било одбиено од страна на менаџерите од Тиокол и од вселенската администрација.
– Бев еден од малкумината кој беа целосно запознаени со проблемот, рече Еберлинг за Нешенел паблик рејдио. „Ако ме послушаа и ако почекаа на промена на временските прилики, се ќе излезеше сосема поинаку“.
Иако Еберлинг не може да биде обвинет за немарност или затоа што не реагирал, тој самиот вели се чувствува одговорен за загинувањето на шест американски астронаути и учител цивил кои биле во шатлот – дури и денес, триесет години подоцна.
Се до конечното лансирање на Челинџ, на 28 јануари 1986, лансирањето било шест пати одложувано во периодото помеѓу 22 и 28 јануари. Причината за одложувањата варирале од механички до метереолошки проблеми, но одложувањата изгледа предизвикале НАСА да биде уште поупорна што побргу да го лансира шатлот во орбитата.
– НАСА реши да лансира, рече Еберлинг за НПР. „Тие беа цврсти да одат горе и да ми докажат на светот дека се во право и дека знаат што прават. Но не знаеја“.
Еберлинг и четворица други во Тиокол, кој вистински верувале дека ако О-прстенот не издржи, Челниџ ќе експлодира уште на рампата за лансирање. Но со неверојатна среќа, тоа не се случило и вселенското летало полетало од кулата.
Додека го гледале лансирањето од своите канцеларии во Јута, на Еберлинг и на другите згарижени инженери во Мортон Тиокол им олеснало и помислиле дека НАСА и астронаутите иамле голема среќа – се додека котролорот на мисијата Ричард Кови не им дал команда на пилотите на шатлот Дик Скуби и Мајкл Смит да ја зголемат брзината.
-Челинџер, дај гас.
Во последната комуникацијата на екипажот со контролата на летање, Скуби ја послушал командата.
-Роџер, давам гас.
Една секунда подоцна инженерите во Тиокол во агонија увиделе дека прерано им олеснило.
Потоа следувало дека Еберлингер и другите биле во право. Челинџер не смеело да полета. Но наслагата од метал во ракетното гориво, наречен кал, неповратно го затнал доводот што го предизвикал уништениот запечатувач.
Во следните години инженерите шпекулирале дека ако наслагата продолжила да го држи истекувањето на горивото само уште неколку секунди, скоро со сигурност шатлот и екипажот ќе преживеале. Леталото експлодирало на помалку од минута пред млазниците да бидат целосно отфрлени.
Владината истрага која следувала го докажала тоа што Еберлингер веќе го знаел – дека смрзнувачкото време го спречило О-прстенот исправно да се шири за време на лансирањето. Кога горивото кое почнало да истекува дошло во контакт со огнот од млазниците, се запалило и во истиот миг го разнело шатлот.
Катастрофата ја натера НАСА да ја сопре програмата се до 1988, но Челинџер не е последниот шатл кој имаше катастрофа.
Уште седуммина астронаути загинаа на Колумбија на крајот на мисијата СТС-107 во 2003 година. Иако во тој случај проблемот не беше со млазниците на моторите – туку парче пена која отпаднало од главниот централен резервоар за време на лансирањето и дупнало дупка во средината на левото крило од шатлот. Тоа беше критичен момент. Под крилото и под целиот шатл се наоѓаат термички плочки кои даваат отпор на пеколното налвегување во земјината атмосфера на спуштање при влегување низ неа. Отворената дупка на крилото на Колумбија била таму за сето време на двонеделната мисија, но не ја забележале ниту астронаутите ниту контролата на летање на Земјата.
НАСА конечно сопре со вселенската програма со шатловите во 2011, но тоа нема ниаква врска со неговото чувство на грижа и вина.
– Требаше повеќе да сторам. Морав повеќе да сторам, рече Еберлинг во 1986 година. И денес тој не се чувствува поинаку.
– Мислам дека е тоа од оние грешки кои Бог ги прави, рече тој. „Тој не требаше да ме избере за оваа работа. Но следниот пат ќе разговарам со него, ќе го прашам: Зошто токму јас? Си избрал губитник“.