Интерпол: Потребна е меѓународна акција против приливот на странски борци во Ирак и Сирија

Од:

Егзекуцијата на американскиот новинар киднапиран во Сирија укажува на потребата од координирана меѓународна акција против зголемениот број странски борци, кои им се придружуваат на екстремистите на Блискиот Исток, предупреди Интерпол.

Во денешното соопштение Интерпол истакнува дека смртта на Џемс Фоли ја отсликува „настраноста“ на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија и укажува на опасноста за некои други невини луѓе во тој регион.

Интерпол изрази сомнеж дека човекот кој се појавува на видео снимката од егзекуцијата на Фоли би можел да биде Британец.

Се претпоставува дека повеќе од илјада луѓе од Европа им се придружиле на екстремистите во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад