Институтот на Вацлав Клаус: ЕУ ќе стане „трансфер унија“ која префрла пари од една во друга земја

Од:

Институтот на поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус денеска ја објави првата политичка анализа во врска со актуелните економски проблеми на Кипар, јави дописникот на МИА од Прага.

„Институтот Вацлав Клаус“ (ИВК) во анализиата изнесува критички став кон Европската унија, по нејзината одлука да му помогне на Кипар со 10 милијарди евра.

Во статијата, насловена „Кипарската криза и нејзиното решение без преседан“, се предупредува дека кипарската економија до 2008 година била „релативно здрава“ што многу брзо се промени, бидејќи како последица на грчката криза Кипар се справи со сериозни економски проблеми.

Според тимот околу Вацлав Клаус, одлуката на Брисел за помош на Кипар наведува на заклучокот дека ЕУ ќе стане „трансфер унија која префрла пари од една во друга земја, односно од граѓани на една за граѓани на друга држава”.

Исто така, експертите предупредуваат дека ова е прв случај во кој Европската унија посегнува по парите на индивидуалните луѓе зачувани во банките, чии последици ќе ги почувствуваат и Чесите кои имаат фирми на Кипар.

– Вложувањето на пари во банка, која не е во ред, како и во земја која не е финансиски добра, е ризик, за кој секој треба да биде свесен. Тоа е здрав разум, но и општа мудрост за која треба да биде свесен секој кој ја проживеал финансиската криза во 2008-2009 година и кој ги следи денешните должнички кризи на еврозоната. Проблемите на јужниот дел на еврозоната, околу Средоземното море, секој мора да ги забележал, се констатира во анализата на чешкиот Институт.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина