Иницијатива за предвремни претседателски избори во Казахстан

Од:

Консултативното тело на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, Собранието на народот на Казахстан денеска иницираше одржување предвремени претседателски избори во оваа централноазиска држава, јави ТАСС.

– Ги повикуваме народот на Казахстан, политичките партии, цивилниот сектор и патриотите во нашата земја да ја поддржат иницијативата за предвремени избори за претседтаел на Република Казахстан, се наведува во соопшението на Собранието.

Во сооопштнието се нагласува дека „во услови на светска економска криза и сложена глобална состојба“, ваквата иницијатива треба итно да биде прифатена.

– На претседателот на Казахстан треба да му се даде нов мандат со општонародна доверба, за да може успшно да го води Казахстан низ периодот на глобални предизвици и земјата да продолжи по курсот на модернизацијата, со цел да стане една од 30-те најмоќни држави во светот, се наведува во иницијативата.

Редовните претседателски избори во Казахстан беше предвидено да се одржат заедно со парламентарните, на почетокот на следната година.

По иницијативата на Собранието на народот треба да се изјасни Долниот дом на казахстанскиот Парламент, Меџлисот, во чија надлжност е распишувањето на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан