На свечената заклетва на почетокот на вториот мандат, претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен изјави дека Кина мора да прифати мирен соживот со Тајван и дека таа островска земја никокогаш нема да прифати владеење на комунистичките власти.
Цаи во јануари повторно беше избрана за претседателка, а нејзината центристичка Демократска напредна партија (ДПП), која се залага за независност на Тајван го задржа мнозинството во тајванскиот Парламент.
Кина, благодарејќи на моделот „една земја, два система“, под своја закрила ги врати поранешните европски колонии Хонг Конг и Макао.
Моделот гарантира висок степен на автономија, но Тајван одбива да биде дел од Народна Република Кина.