Индонезискиот претседател Видодо помилува петмина политички затвореници од Папуа

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска го објави актот за помилување на петмина политички затвореници од источната провинција Папуа. Видодо ја објави одлуката во Џајапура, главниот град на провинцијата Папуа, каде што ќе претстојува викендов.

Помилуваните политички затвореници, осудени на казни од 19 години до доживотен затвор, во 2003 година беа уапсени при напад на армиски склад.

Индонезија во 1969 година еднострано прогласи половина од островот Папуа Нова Гвинеја за своја територија. Тогаш на територијата од 309.000 квадратни километри имаше 1,6 милиони жители. Под името Иријан Џаја, Папуа е просторно најголемата провинција во Индонезија, а според ланскиот попис тамо има 3,7 милиони жители.

Ослободените политички затвореници беа дел од раководството на движењето за ослободување на Папуа, кое е и сега активно, но нема доволен број членови за да се спротивстават на силните полициски и воени сили стационирани во овој дел на Индонезија.

За да ја посетат Папуа дури и Индонежаните треба да добијат виза од централните власти во Џакарта, а бројот на странци, особено на новинари кои добиле дозвола да престојуваат таму е едноцифрен. Под силно полициско обезбедување, секоја година избран ешалон на дипломатските претставништва во Индонезија организирано ја посетуваат Папуа.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ