Индискиот претседател го именува за нов премиер Нарендра Моди

Од:

Претседателот на Индија Пранаб Мукерџи го именува за премиер лидерот националистичката хиндуистичка партија „Бхартија Џаната“ Нарендра Моди.

Моди (63) ќе положи заклетва на 26 мај.

Минатата недела партијата „Бхартија Џаната“ победи на парламентарните избори во Индија.

Претседателот на „Бхартија Џаната“ Раџанат Сингх ја оцени како историска победата на опозицијата на изборите за 543-члениот Долен дом на индискиот Парламент, на кои „Бхартија Џаната“ освои 282 места, а партијата на „Индискиот национален конгрес“ само 44 места.

„Бхартија Џаната“ е првата партија по 30 години што има апсолутно мнозинство во индискиот парламемнт и може самостојно да формира влада, наведува ИТАР-ТАСС.

Последен пат апсолутно мнозинство во индискиот парламент имаше во 1984 година партијата „Индискиот национален конгрес“ со 400 пратенички места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати