Индискиот премиер пристигна во посета на Кина по инвестиции и поголема достапност на пазарот

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди утринава пристигна во Кина каде ќе учествува во преговорите на високо ниво за економските врски меѓу двата азиски џина, соопшти ДПА.

Моди ја посети изложбата на Теракотната армија, археолошкото наоѓалиште, откриено во 1974 година до мавзолејот на императорот Син Шахуан, во провинцијата Шенски, од каде потекнува претседателот Кси Џинпин. Кога Кси Џинпин минатата година ја посети Индија, неговата турнеја почна од Гуџарет, државата во која е роден премиерот Моди.

„Многу ретко кинеските лидери ги придружуваат странските гости надвор од Пекинг“, напиша весникот „Чајна дејли“ и објави фотографии како домаќините на Моди му ја покажуваат светски познатата експозиција на теракотните воини.

Индискиот премиер ја посети и Големата пагода на дивата гуска, изградена во спомен на патешествието долж древната трговска маршрута, попозната како „патот на свилата“ на кинескиот будистички монах Суан Чан во Индија во 645 година.

Кина прави сериозни инвестициски чекори во проектот „Нов пат на свилата“ за да го олесни пристапот до пазарите во централна Азија и Европа.

Првата работна средба меѓи Моди и Џипинг ќе се одржи денеска попладне, а утре официјалните преговори ќе се водат во Пекинг.

Аналитичарите очекуваат само во рамки на оваа посета Индија и Кина да склучат 20 бизнис договори во приближна вредност од 10 милијарди долари.

Кина е најголемиот трговски партнер на Индија, а стоковната размена меѓу двете земји во 2014 година изнесуваше 71 милијарди долари.

Индискиот трговски дефицит со Кина се зголеми од една милијарда во 2001-2002 година на над 38 милијарди во 2014 година.

Моди ќе се обиде да добие подобар достап до кинескиот пазар за индиската фармацевтска индустрија, како и ветувања за инвестиции во индиските инфраструктурни проекти, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати