Индиски студенти групно силувале девојка и чинот го снимале и објавиле на социјалните мрежи

Од:

Петмина студенти се уапсени заради наводно киднапирање и силување на 19-годишна девојка, откако видео снимката на злоставувањето на младата жена ја постирале, пишува весникот „Индипендент“.

Инцидентот се случил пред неколку месеци во индискиот округ Дакшин Канада, но за него се дознало дури во последните неколку недели, откако снимката на силување се појавила на социјалните мрежи

Младата девојка на полицијата и раскажала како петмината млади мажи ја грабнале, како со автомобил ја однеле во пошумено и задскриено место и како редоследно ја силувале. Не била свесна дека притоа и ја снимале.

-Жртвата во својата тужба навела дека обвинетите ја однеле на напуштено место и дека таму групно ја силувале. Објаснила дека тие меѓусебно се познавале и дека доаѓале од ист факултет, изјави полицаецот Лакшми Прасад, кој додал дека за инцидентот се дознало кога видео снимката од чинот на силување се појавила на WhatsApp.

„Ни кажа и дека подоцна силувачите и се заканувале со објавување на видео снимката од чинот на силување, па од тие причини таа поднела тужба дури откако снимката станала вирална, објасни полицаецот Прасад.

Петмината мажи биле студенти на престижниот факултет во градот Путур.

Силувањата се меѓу најчестите злосторства во Индија, а проценките се дека 90 до 95 отсто од случаите на силување остануваат непријавени.
Стапката на осудени за кривичните дела сторени врз жени во Индија е исклучително ниска, или само 18,9 отсто, додека просечната стапка на осудени за сите видови злосторства изнесува околу 47 отсто.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

А1он

18-годишно момче од Скопје силувало 20-годишна девојка

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски