Индиски патнички авион се судри при полетувањето со бивол

Од:

Авионот на индиската компанија „Спајс Џет“ се судри со еден заскитан бивол, при полетувањето на аеродромот Сурат во југозападна Индија.

Инцидентот се случил доцна синоќа, но никој од вкупно 146 патниците и членовите на екипажот не настрадал.

Претставник на компанијата, која е рангирана како четврта според нејзината позиција на индискиот воздухопловен пазар, соопшти дека нивниот „Боинг 737-800“ е сериозно оштетен.

Авионот кој според редот на летање требало да го продолжи летот, морал да биде оставен во Сурат, а патниците се префрлани со друг авион. Биволот во кој удрл авионот угинал на самото место.

– Станува збор за мошне тежок инцидент и за него нема никакво оправдување. Недопустливо и неодговорно е од управата на аердоромот, бивол да шета слободно по пистата на која постојано слетуваат авиони„-изјави претставникот на „Спајс Џет“.

Според неговите зборови, само неколку секунди подоцна при полетувањето овој инцидент ќе го претвореа во тешка авионска катастрофа. Пилотите на „Боингот“ изјавиле дека во темната ноќ и на црната писта на аердромот, никако не можеле да го забележат црниот бивол на пистата.

Компанјата „Спајс Џет“ во посебно сооопштение објави дека на неопределено време ги суспендира сите свои летови кон и од аеродромот кај градот Сурат.

Не е првпат во Индија да се регистрираат авионски инциденти поради присуството на животни на аердормските писти.

Во јуни 2008 година, во само еден ден, поради животни на пистите дојде до пореметување на повеќе од 100 авионски летови во државата.

Проблемот со заскитани животни се среќава и на главниот индиски аеродром во Њу Делхи, каде на пистата често се откриваат којоти, мајмуни, антилопи, змии и големи гуштери, или пауни и кучиња, поради кои редот на летањето знае да биде нарушен и по неколку часа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати