Двајца членови на екипаж на авион на индиската морнарица се водат како исчезнати, откако нивниот авион кој бил на рутински лет се урнал во море.
Според изјавата на портпаролот на морнарицата Рахул Синха, еден член на екипажот е спасен додека по другите двајца, пилотот и набљудувачот е покрената потрага.
Воениот авион „Дорниер“ на индиската морнарица паднал во морето на 25 наутички милји од сојузната индиска држава Гоа, на брегот на Арапско море, синоќа околу 22:00 часот по локално време, пренесе „Франс прес“.
Е.Г.