Индиската Влада верува дека 39 работници кои пред половина година беа киднапирани од групата Исламска држава во Ирак, се се уште живи и покрај тврдењето на лицата кои побегнаа оти останатите се погубени.
– Продолжуваат напорите киднаираните работници да бидат лоцирани иако нема директен контакт со нив, посочи индискaтa министерка за надворешни работи Сушма Сварај во Парламентот.
Околу 10.000 индиски граѓани работат и живеат во Ирак, но само мал број од нив се во реоните на конфликти.
Работниците беа киднапирани откако ИД го зазеде Мосул.