Индиската полиција упадна во религиозен центар во обид да уапси самопрогласен гуру

Од:

Индиската полиција упадна денеска со солзавец, палки и булдожери во религиозен центар, каде се верува дека се криел самопрогласен „гуру“ со илјадници свои поддржувачи, решени да го бранат од апсење.

Гуру Сант Рампал, подолго време одбива да се јави на сослушување во полиција за убиство на селанец од неговите поддржувачи во 2006 година. Неговите поддржувачи создадоа жив синџир од луѓе околу големиот религиозен комплекс во сојузната држава Харана, со цел да ја спречат полицијата да го приведе.

Полицијата, сепак со добро подготвен упад успеа да ги растера луѓето на Рампал, меѓу кои и многу жени. Засега не е познато дали се вршени апсења.

Рампал (63) е поранешен инженер, што се самопрогласил за гуру. Во 2006 година тој е пуштен со кауција, но истата е укината откако негови следбеници во јули упаднаа во суд и се закануваа на судиите. Од 2010 година Рампал игнорирал 43 повици да се јави во суд. Последниот рок беше до понеделникот што тој, исто така, го прекрши.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати