Мистериозна смрт на 11 членови на семејство во Индија. Во куќа во руралниот дел на Њу Делхи се пронајдени 11 тела, од кои десетмина имале превез на очите. Станува збор за четворица мажи, три жени и четири девојчиња од исто семејство, кои живееле во куќа во селото Бурари на северот на главниот град на Индија.
Според полицаецот Винет Кумар, нема траги дека насилно било влезено во куќата, проштално писмо не е пронајдено, а полицијата истражува дали станува збор за самоубиство или убиство.
На телата на починатите нема рани од огнено оружје. Десет тела се пронајдени како висат, додека телото на 70-годишна жена е пронајдено на подот на куќата. Семејството 20 години живеело во куќата, а меѓу починатите е и сопственикот на куќата кој бил газда на млекара и продавница за дрвени преработки, пишува весникот Хиндустан тајмс.