Индиската министерка за водостопанство Ума Барти изјави дека човечки фекалии се „суштинската причина“ за катастрофалните поплави кои минатата година го погодија северниот дел од Индија и во кои загинаа повеќе од 6.000 луѓе.
Во природната катастрофа во 2013 година која медиумите ја нарекоа „хималајски цунами“ потопен беше цел град околу храм во Кедарнат, а илјадници верници ги загубија животите.
Индиската министерка изјави дека поплавите ги предизвикале атеистите кои со години празнеле црева во бллизина на светиот храм, истакнувајќи дека дефекацијата е забранета во природното опкружување на храмот.
– Како што минуваше времето, атеистите се доселуваа воглавно од бизнис причини. Тоа ја разбесна природата во Кедарнат во 2013 година, изјави таа, а пренесе Хиндустан тајмс.