„Индипендент“: Велика Британија е се погладна

Од:

Велика Британија е се погладна и над 500.000 Британци се принудени да користат банки за храна кои се отвораат за сиромашните, со цел да преживеат, алармира извештај на британските невладини организации „Оксфам“ и „Црковно дејствие против сиромаштијата“, пишува денеска „Индипендент“.

Овие загрижувачки податоци доаѓаат од земја која се смета за една од најмоќните во светот, што предизвикува уште една поголема загриженост. Британски семејства се принудени да молат за помош, за да се прехранат, поради намалените плати, редуцирање на помошта и економската криза.

Цената на основните прехранбени производи се зголеми за 35 проценти, а цената на греењето за 63 отсто во изминатите пет години – период, во кој доходите на повеќе семејства воопшто не се зголемија или се зголемија значително малку.

Според „Трасел траст“, најголемиот организатор на банките за храна во Велика Британија, речиси 350.000 лица добиле тридневен основен прехранбен пакет изминатата зима.

Во спредба во периодот 2011-2012 година тие биле 130.000.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот