Триесетгодишна Индијка била силувана од најмалку шест мажи меѓу кои и сопствениот сопруг и јавно понижувана. Тоа денеска го соопшти полицијата во централната индиска држава Мадхија откако жената била спасена од дополнителни насилства врз неа.
Жртвата која има 10-годишен син навела во полициска изјава дека два месеца се разделени со сопругот заради имотен спор.
Сопругот ја повикал на фарма во областа Хандва за да го решат спорот. Кога таа пристигнала во вторникот, група мажи ја насилно ја совладале, ја силувале и потоа гола ја носеле низ селото во присуство на нејзиниот син. Подоцна ја затвориле во соба и дополнително се иживувале врз неа терајќи ја да пие урина.
Два дена подоцна нејзините родители успеале да ја ослободат со помош на полицијата. Според официјални податоци, во минатата година во државата Мадхија Прадеш регистрирани се 4.335 случаи на силувања илли во просек по 12 дневно.