Индијка сакала да се самоубие, но завршила како жртва на силувачи

Од:

Индијка која преживеала обид за самоубиство, кое сакала да го изврши заедно со своите родители и четирите сестри, е силувана од двајца рибари кои ја пронашле на брегот откако морето ја исфрлило.

Жртвата и нејзиното семејство се обиделе да извршат масовно самоубиство, поради тоа што биле иселени од нивниот дом во индискиот град Пудучери.

Двете сестри се удавиле, додека девојката, нејзиниот татко и другите две сестри преживеале, со тоа што морето ги исфрлило на различни локации долж крајбрежјето.

Девојката која што е пронајдена на околу еден километар одалеченост од местото на кое се обидела да се самоубие, тврди дека била силувана додека лежела во полусвесна состојба на брегот.

Официјални лица од полицијата потврдија дека уапсиле двајца рибари, односно С.Раџа (35) и неговиот роднина К. Вијајкумар (32) кои го признале злосторството.

Несреќното семејство живеело во еден мал манастир, кои што се вообичаени во Индија, но поради одлука на Врховниот суд биле принудно иселени. Откако останале на улица, се обиделе заедно да се самоубијат.

Инаку Индија веќе со години има сериозен проблем со овој вид злоставувања, а светското внимание го привлече случајот на жена која во 2012 година почина во тек на брутално групно силување во Њу Делхи.

По злосторството кое го шокира светот, Индија донесе поостри мерки во законот, меѓутоа во една неодамнешата анкета, дури 91 процент од жените изјавиле дека не гледаат никакво намалување на насилство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар