Индијка казнета да парадира гола качена на магаре

Од:

Една 45-годишна Индијка, била насила соблечена гола, а потоа качена на магаре и натерана  да парадира низ едно село во руралните предели на сојузната индиска држава Раџистан, откако старешинскиот совет на селото пресудил дека таа треба да биде казнета.

На несреќната жена, претходно и била избричена косата на главата, а по целото лице и била премачкана со црна боја. Ваквата казна била донесена затоа што жената била осомничена оти убила свој близок роднина.

Според индиските медиуми, жената воопшто не била виновна за она за што била осудена и сурово казнета, а поводот за целиот случај било самоубиството на нејзин близок роднина, што се случило на почетокот од овој месец.

Неговите блиски го погребале, но три дена подоцна сопругата на човекот и најблиските од семејството почнале да твдат дека тој не се самоубил, туку дека е убиен и за тоа ја обвиниле неговата тетка.

Со таквото обвинување, отишле кај старешинскиот совет на селото кој по заседавањето наредил жената да биде „уапсена“ и по судењето веднаш и казнета.

Целиот случај ќе останеше непознат за пошироката јавност,затоа што жртвата одбивала да зборува. Но, интервенирале социјалните служби во областа на која и припаѓа селото. Тие подоцна ја повикале и полицијата која по направената истрага, уапси и обвини 39 лица за малтретирање на жената.

– Станува збор за тежок и жален инцидент, на малтретирање и јавно понижување на една невина жена, изјави претставник на полицијата во Раџистан.

Ваквите старешински „судови“ немаат никаква правна тежина, ниту нивните „пресуди“ повлекуваат правна интервенција, но тие се уште се практикуваат во руралните делови на Индија.

Во изминатие неколку години на десетици помлади и постари жени биле жртви на ваквите старешински судови, при што покрај јавното соблекување и парадирање на магаре низ селото, не ретко се пресудува и тепање со стап.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати