ДПА – Берлин
Дали историскиот данок, кој се смета за централен елемент на економската реформа на премиерот Нарендра Моди ќе го смени начинот на кој се води бизнис во Индија?
Додека третата по големина азиска економија се навикнува на сложените новововедени обврски во даночната реформа, министри и компании дискутираат за тешкотиите кои се очекуваат со воведувањето на новиот недиректен данок.
Најголемата даночна реформа во Индија од прогласувањето на независноста на земјата од Велика Британија пред 70 години, предизвикува несигурност меѓу компаниите заради стравувањата дека лошата примена на промените ќе и наштети на економијата во следните тодини.
Данокот на стоките и услугите (ДСУ) влезе на сила на 1 јули со специјално заседание на националниот Парламент, на кое присуствуваа високи индијски лидери, вклучувајќи го и премиерот Нарендра Моди и се очекува да ја претвори индиската економија во единствен пазар, како и да го поттикне растот.
ДСУ ќе урне еден некомотен систем од над десетина недиректни даноци и ќе ги урне трговските бариери меѓу индиските држави, за да се обедини економијата во висина од два трилиони долари и 1,3 милијарди потрошувачи во единствена економска зона.
Но, постојат сериозни стравувања во врска со примената на данокот и дали навистина тоа ќегоа поеденостави комплицираниот даночен систем во Индија.
На претрупаниот пазар за резервни автомобилски делови крај Кашмирската Порта во Њу Делхи, Викрам Суд, кој има семеен бизнис, се плаши дека данокот може да нанесе загуби за неговата компанија.
– Најголемата пречка за компаниите ќе бидат купиштата бирократски обврски – фирмите ќе треба да внесуваат 37 отчети онлајн пријави годишно, посочи тој за ДПА. – Да плаќам за сметководители или да го хранам семејството?, прашува Суд.
Најпогодени од новите правила, од купиштата нови стандарди и многуслојната даночна структура се малите фирми, трговците на мало и сопственици на продавници, кои ја формираат животната артерија на индијската економија. Новите распределби предвидуваат повеќето стоки да се однесуваат кон четири нови даночни стапки: 5, 12, 18 и 28 проценти.
– Поголемиот дел од повозрасните луѓе тука работат на хартија, како ќе станат компјутерски писмени за една ноќ, праша Суд.
Компаниите не се целосно подготвени за промената. Тоа може да значи нарушувања во трговијата на краток рок, дополни тој.
Се очекува ДСУ да помогне за непреченото движење на стоките преку границите на државите, да бидат намалени расходите за трансакции, да биде ограничено сепораширеното прикривање на даноци, како и да се зголемат приходите на владата.
Според Санџај Гарт од индискиот огранок на КПМГ. ставките биле конечно определени само пред неколку седмици и воведувањето на данокот е голем предизвик. Оние кои ги собираат даноците и фирмите треба да бидат обучени во врска со данокот кој ќе ги смени бизнис процесите во ланецот, рече тој.
Постојат стравувања и за функционалноста на мрежата на ДСУ – порталот за плаќачите на даноците. Се очекива системот да обработи три милијарди фактури месечно, и покрај проблемите со интернетот и со струјата во земјата.
ДСУ е технички базиран и не остава многу место за двосмислености кај плаќачите на даноците или за корупција на службеници, што води до поефикасен даночен режим. Но, никој всушност не е сигурен како ќе се воведе системот, вели Борнали Бхандари од Националниот совет за применети економски истражувања.
Од 8,5 милиони сопственици на компании, регистрирани да плаќаат корпоративни даноци, 6,5 милиони веќе преминале кон ДСУ.
Сопствениците на компании ќе користат персонален даночен број за системот, па Владата ќе може подобро да ги следи трансакциите отколку со досегашниот систем, што пак ќе го олесни и следењето на прикривачите на даноци.
Властите се надеваат дека системот ќе помогне за контрола во избегнувањето на плаќањето даноци, а тоа истовремено ќе даде поттик за растот во официјалната еономија.
Според сегашниот систем, само три проценти од луѓето во Индија плаќаат данок ма додадена вредност. Обврзниците треба да поднесат куп документи за да биде направено даночно леснување на клиент, вели Апараџит Пандеј од Центарот за анализи Обзервер рисрч фаундејшн.
– Ако не биде завршена вистински разјаснувачка работа и обуките по ДСУ, веројатно на краток рок ќе има значителни проблеми со протокот на пари во неколкуте месеци по воведувањето на обврските, особено за малите компании, дополнува Пандеј.
Нејаснотиите околу новата антишпекулативна клаузула, со која се бара од компаниите да бараат даночно олеснување за крајниот клиент преку сразмерно намалување на цените, исто е збунувачки за експертите.
– Клаузулата во ДСУ не осигурува механизам за следење на антишпекулативната дејсност и несигурноста може да биде погубна за компаниите и клиентите, вели Пандеј.
И покрај кратките рокови, Владата стави до знаење дека нема намера да ја одложува даночната реформа. Идејата за неа се роди уште пред 15 години.
Дефинирана е како револуциска даночна реформа, затоа што ниту една друга држава од толкав обем и структура не вовела даночна реформа во толкав обем. Очекувањата се дека таа реформа ќе додаде два проценти поени на БДП на земјата, смета министерот за финансии Арун Џејтли.
– Ако тргнеш по патот на реформата, не треба ни око да ти трепне. Ако трепнеш, излетуваш од патот, рече тој.
Владата ќе им дозволи на компаниите да внесат задоцнети документи за првите два месеци, објаснува Џејтли, така што фирмите ќе можат да се приспособат кон новиот онлајн систем.
На краткорочен план, ќе има проблеми, вели тој. – Сите реформи на почетокот се гледаат како штетни, но на долг рок даваат резултати, дополни тој.
Реформата се прави откако Моди објави идна парична деноминација, со која беше ставен крај на користењето на банкнотата со најголема номинална вредност. По воведувањето на мерката, растот се намали за 6,1 проценти во последното тримесечје и Индија го загуби статусот на најбрзорастечка економија во светот, која ја надминува само Кина.
– Цената на тешкото функционирање на ДСУ може да биде огромна за земјата, вели Кумар Раџагопалан, главен извршен директор на асоцијацијата на трговците на мало во Индија, која претставува 500,000 современи продавници.
– Стискаме палци… Се надеваме дека владата ќе се справи, дополни тој.