Индијци нудат да подарат бубрег за министер во Владата

Од:

Голем број Индијци на различна возраср се нудат преку социјалните мрежи за да подарат бубрег за трансплантација за заболен министер во Владата на премиерот Нарендра Моди, пишуваат индиските веснци.

Станува збор за министерката за надворешни работи Сушма Сварај, која претходно на Твитер напиша дека заминува во болница за да прави тестови за трансплантација.

Сварај (64) долго време боледувала од дијабетес, кој и ги оштетил бубрезите, па сега се соочува да остане остане без овие витални органи.

Таа одела на дијализа, но лекарите сметаат дека за неа вистинско решение е трасплантацијата, барем на еден здрав бубрег.

Медиумите во Њу Делхи пишуваат дека ваквата реакција на јавноста била неочекувана, но тоа го објаснуваат со популарноста на министерката.

Сушма Сварај важи за една од најистакнатите министри во индиската Влада, но во јавноста е популарна затоа што секогаш е спремна да му помогне на било кој Индиец, што некаде во странство, ќе се најде во неволја.

На почетокот од овој месец, Сварај предизвика нов голем публицитет кој и го подигна и онака високиот рејтинг, откако помогна една млада пакистанска невеста да добие индиска виза за да се омажи за Индиец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати