Индијанското племе Навахо ќе добие надомест од над половина милијарда долари

Од:

Владата на САД се согласи да плати 554 милиони долари отштета на индијанското племе Навахо, со цел да стави крај на повеќедеценискиот судски процес.

Тоа е најголем надомест исплатен од американската Влада на едно племе.

Судскиот спор се однесува на проблеми од пред повеќе од 50 години. Припадници на племето ги обвинуваат САД дека управувале неправилно со ресурсите на територијата на Навахо. Тие најваија дека се согласи да се откажат од судскиот процес по договорот со владата на САД.

Навахо е најголемото индијанско племе што брои над 300.000 лица.

Околу 5,7 милиони хектари површина што припаѓаат на племето се користат за земјоделство, производство на нафта и гас и рударски активности.

Лидерот на племето Бен Шели договорот го оцени како победа на суверенитетот на племето по еден подолг судски процес.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија