Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени откако патнички воз излета од шини во источната индиска држава Бихар, соопштија официјални лица, според кои несреќата ја предизвикала експлозија на пругата.
Како што пренесуваат агенциите, покрај локомотивата од шините излетале и 11 вагони, па властите се сомневаат на саботажа од маоистички бунтовници, кои повеќе од четири децении се борат против владата.
Во возот кој од Њу Делхи тргнал кон државата Асам се наоѓале 500 патници, поради што спасувачките екипи стравуваат дека уште патници се заробени во превртените вагони.
Е. Г.