Спасувачките екипи и индијските војници денеска извлекоа тела на седум лица од два автобуси, кои беа затрупани со кал предизвикан од одрон, што се создал поради обилните монсунски дождови во северниот дел на Индија.
– Одронот, што се случи во селото Урла, затрупа два автобуси и најмалку три автомобили, изјави локалниот претставник Сандип Кадам.
Автобусите запреле на автопатот со цел патниците да направат пауза, а потоа врз нив почнале да паѓаат кал и камења.
Засега не е познато колку лица се наоѓале во автобусите.
„Прес оф Индија“ јави дека се стравува оти можеби во несреќата загинале повеќе од 30 лица.