Под обвинение дека извршиле измама се уапсени директор на фабрика за лекови и неговиот син, кои обезбедиле антибиотици и аналгетици за жените над кои деновиве била извршена стерилизација, во Индија.
Властите се уште го истражуваат случајот и утврдуваат дали лековите против болки и антибиотиците се причина за трагичниот крај на 13 жени.
Полицијата претходниот ден го уапси и лекарот кој ја извршил масовната стерилизација на жените, во сојузната индијска држава Чатисгар.
Тој за само неколку часа извршил дури 83 операции на сиромашните жени во државниот камп во дистриктот Биласпур во Чатисгар, а постои сомнеж и дека работел со заразени инструментите.
Е. Г.