Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила 23 лица обвинети дека учествувале во линчувањето на пет лица во текот на викендот кои биле лажно обвинети за киднапирање деца.
Во драматичните настани изминатите денови индиските власти дури привремено го прекинаа пристапот до интернет во повеќе северо-источни региони, за да го спречат ширењето на лажни обвинувања. Пораките се ширеле преку апликацијата ВацАп, и во нив конкретни лица биле обвинувани дека киднапирале деца. Во областа Западна Трипура, топла од 1.000 луѓе нападнала четири лица, убивајќи еден од нив, додека другите одвај биле спасени од страна на армијата.
Дури 25 лица биле убиени од толпи во изминатите неколку месеци, честопати, како во случајот во областа Дула во западна Индија, само затоа што некој непознат човек ќе биде забележан дека разговара со дете.
Секоја година во Индија исчезнуваат околу 90.000 деца, што ги подгрева обвинувањата за групи грабнувачи.