Најмалку 15 лица, меѓу кои пет деца и две жени загинаа во Њу Делхи и Ченај при уривање на две згради.
Најпрвин се урнала зградата во Њу Делхи, при што загинале 11 лица , а едно лице е пренесено во болница.
Неколку часа подоцна се урнала и дванаесеткатната зграда во предградие на Ченај, од чии урнатини се извлечени 17 градежни работници, а спасувачите трагаат по настраданите. Четворица од повредените починале во болница.
Околу 300 полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот, додека локалните власти стравуваат дека бројот на жртви е поголем.
Инаку во текот на минатата година, поради уривање на згради во Индија загинаа 100 лица.
Е. Г.