Министрите за одбрана на Индија и Франција, Манохар Парикари и Жан-Ив Ле Дриан денеска во Њу Делхи потпишаа договор со која Индија ќе купи 36 борбени повеќенаменски авиони од типот „Рафал“ на француската компанија „Дасо“, јави дописникот на МИА од Париз.
Според извор во француската делегација, првиот авион треба да и биде доставен на Индија во 2019 година, а останатите во рок од 13 месеци. Износот на договорот не беше откриени, но според истиот извор, „најавената сума од 8 милијарди евра се совпаѓа со цената на авионите“.
Договорот исто така вклучува и трансфер на технологии и индустриски услуги. чија вредност претставува 50 отсто од договорот.
Индија во 2015 година имаше само 35 ескадрони од по 18 борбени авиони. Во случај на конфликт со Пакистан или Кина, според експертите, би и биле потребни најмалку 41 до 45 ескадрони.
– Нам ни требаат уште шест ескадрони со воздухоплови од типот на „Рафал“, изјави лани во октомври, началникот на Генералштабот на индиската Армија,
Авинот „Рафал“ е способен за шест ротации на ден, во споредба со потенцијалот од три до пет ротации на другите летака на индиската флота. Тој има долет од 1.050 километри, за разлика од 600-те километри долет на рускиот борбени авион „Сухој-30“.
Проектилите воздух-воздух „Метеор“ од најновата генерација, со кои ќе бидат опремени „Рафалите“ може да го погодат цели во Пакистан без авионот да има потреба да ја премине индиската граница.
Според аналитичарот Удај Башкар Шитрапу, покрај техничките предности, одлуката на Индија за набавка на авионите „Рафал“ претставува и политички избор за зајакнување на стратешкото партнерство со Франција.